Магдоносот не е само украс, има и друга намена

Готвачите не ставаат магдонос на јадењата само за декорација. Тој всушност има друга цел, не ретко кој ја знае.
Треба да го џвакате после оброк, особено ако сте јаделе зачинета храна, и тоа за чистење на забите и устата. Покрај тоа, магдоносот помага и да се ослободите од лошиот здив.

Магдоносот содржи висока концентрација на хлорофил, кој ги уништува бактериите во устата. Тие почнуваат да се развиваат после јадење и предизвикуваат лош здив.

Ова растение може да биде корисно и ако сте патувале некаде и сте ги заборавиле четката и пастата за заби. Земете неколку гранчиња свеж магдонос и изџвакајте ги за да ги „измиете“ забите.
Се препорачува и за лекување на анемија, ублажување на менструалните болки, намалување на крвниот притисок итн. Покрај магдоносот, кај лошиот здив помагаат и свежото нане, босилокот и рузмаринот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.