На социјалните платформи беа споделени снимки од маж и жена кои извршиле кражба на гробиштата на покојниот Ѓорѓи Ѓорѓиев, познатиот тапанар од бендот ДНК. Каква беше нивната намера? Каде се изгуби човечноста? Немаате ли срам? Не чувствувате ли болка или симпатија? Зар не беше доволно тежок губитокот на семејството Ѓорѓиеви, за потоа да додадете и оваа тага? Во текот на два дена, овие лица се осудени за кражби на разни предмети од гробот на Ѓорѓи, вклучително украсни ангели, цвеќиња, па дури и вода и метлата… Оставете ги семејствата со мир да ја оплакуваат својата загуба. Грандиозна е срамота што има луѓе кои изгубиле секакво чувство за сочувство и совест. Откако беа споделени видеата, овие лица беа препознаени и фатени од СВР Струмица.
Пронајдете не на следниве мрежи: