Тимот на Рубин Казан кој претходно изрази само разочарување со ново соопштение најави дека репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку сепак ќе добие и казна.
Даку во овој момент е со репрезентацијата на Албанија на Европското првенство, а по враќањето во клубот ќе доби казна која засега не е познато каква ќе биде.
„По натпреварот помеѓу Албанија и Хрватска, Мирлинд Даку испрати навреди. Нашиот клуб презема одговорнност за тоа што се случи. Во Рубин се сметаме за мултинационален клуб и секогаш ги поддржуваме принципите на еднаквост. По враќањето на Даку од Европското првенство, Рубин ќе донесе дисциплински и финансиски санкции за нашиот фудбалер. Покрај тоа ќе разговараме со него за во иднина да се повторуваат вакви или слични инциденти“, објавија од Рубин.
Во изминатата сезона за Рубин Даку на 28 натпревари постигна десет гола, член на Рубин е од лани кога пристигна од Осијек.