Мајката на Шакира хоспитализирана по мозочен удар: Докторите открија нови здравствени проблеми, не се чувствува добро ниту таткото на пејачката

Мајката на познатата пејачка Шакира итно е хоспитализирана откако и е откриено згрутчување на крвта во ногата.

Нидија Рипол, наводно, прво доживеала мозочен удар, но шпанските медиуми објавија дека извори блиски до пејачката рекле дека проблемот е поврзан со длабока венска тромбоза. Исто така, се тврди дека нејзината состојба не влијаела на нејзиниот мозок, но познатата колумбиска пејачка се уште не проговорила за ова.

Се вели дека и таткото на Шакира, Вилијам Мубарак, има сериозни здравствени проблеми по операцијата минатата година, што влијаеше на одлуката на Шакира да ја одложи преселбата во Мајами со децата, што таа реши да го направи по разводот со поранешниот фудбалер Жерар Пике.
Имено, Мубарак претходно беше хоспитализиран во Барселона, откако паднал. Пејачката имала намера да се пресели од Барселона на Флорида на почетокот на годината со синовите Милан и Саша.

Меѓутоа, лекарите ги откриле здравствените проблеми на мајката откако таа не се чувствувала добро, поради што побарала лекарска помош, а во петокот итно била пренесена во болница. Моментално е надвор од животна опасност и се очекува во догледно време да се врати дома.
Сè уште е неизвесно дали Шакира ќе мора повторно да ги одложи плановите за заминување од Шпанија, откако веќе мораше да го стори тоа во јануари, одлучувајќи да почека до крајот на учебната година во јуни.

Шакира и Пике претходно потврдија дека потпишале договор за старателство над децата по долги преговори кои завршија со маратонска 12-часовна средба со нивните адвокати.
Договорот го склучија на судот во Барселона во декември, а договорено е фудбалерот да поминува време со децата за време на празниците. Инаку, парот раскина во мај минатата година по десет години заеднички живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.