Мајка и тригодишниот син извлечени живи од под рушевините по 47 часа – среќата на лицето на момчето не се споредува со ништо на светот

Мајката Фатма и синот Мухамед (3) се извлечени живи од под рушевините 47 часа по катастрофалниот земјотрес.

На снимките кои ги објави новинската агенција IHA се гледа како пожарникарите го извлекуваат три годишниот Мухамед Таника и неговата 38 годишна мајка Фатма.
Пожарникарите прво го извлекле момчето кое било во пижами, а потоа и неговата мајка, а потоа со комбе на Брза помош биле пренесени во болница.

Мајка и тригодишниот син извлечени живи од под рушевините по 47 часа – среќата на лицето на момчето не се споредува со ништо на светот

Спасувачката служба објави дека потрагата по преживеани ќе биде без прекин и истата ќе трае и денес, меѓутоа лошите временски услови ја отежнуваат потрагата по преживеани.
Инаку досега во земјотресот загинаа над 8 илјади луѓе во двете земји, а потресот кој ги погоди Турција и Сирија беше со јачина од 7,8 степени по Рихтер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.