Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси постигна два гола утринава во квалификацискиот натпревар (2:0) за СП 2026 против Перу. Головите ги постигна во 32. и 42. минута.
Триесет и шестгодишниот Аргентинец стана најдобар стрелец во историјата на квалификациските турнири за Светското првенство во Јужна Америка (31 гол). Тој во оваа статистичка категорија го надмина Уругваецот Луис Суарез.
- Од март директна авиолинија од Скопје до Амстердам
- Обезбедувањето го спасило познатиот актер: Непознат маж упаднал во неговата палата
- Дански начин за воспитување деца и на возрасните (Фото)
- Хамас и Израел на чекор до договор во Газа
- „Ова не е блеф“: Предупредија дека ќе ја прекинат испораката на гас за Европа
- Хил: Нема најави за санкции кон српски НИС
- Русите започнуваат нова офанзива, се подготвува воздушен десант преку Дњепар
- По 100 евра за косовските пензионери и децата до 16 години
- Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
Во светот, Меси е четврти по ефикасност. Пред него се Карлос Руиз од Гватемала (39 гола), Кристијано Роналдо од Португалија (38) и Иранецот Али Даеи (35).
Аргентина по четири кола има максимални 12 бода и е на првото место пред Уругвај, Бразил и Венецуела со по седум бодови.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.