Нападот на Киев врз авионот Ил-76 е извршен свесно и намерно, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека Москва одлучно го осудува терористичкиот напад на режимот на Киев во регионот на Белгород.
- ДАЛИ ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ СЕ РАЗВОДУВААТ? Сите забележаа по еден детал, еве за што се работиМеган Маркл и принцот Хари се повеќе се појавуваат одвоено… Read more: ДАЛИ ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ СЕ РАЗВОДУВААТ? Сите забележаа по еден детал, еве за што се работи
- СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и АлбанијаДенешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново… Read more: СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
- Џастин Бибер повторно шокираше со својот стајлинг! Поради ова сите гледаа во неговите нозеЏастин Бибер се појави во црква со сопругата во преголеми… Read more: Џастин Бибер повторно шокираше со својот стајлинг! Поради ова сите гледаа во неговите нозе
- Орбан од Охрид: Трамп е за мир, на светот му требаат лидери кои не се за војнаАко САД сакаат да имаат претседател кој е за војна,… Read more: Орбан од Охрид: Трамп е за мир, на светот му требаат лидери кои не се за војна
- СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ„Тешкиот дипломатски пораз не е вина на некој друг туку… Read more: СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
– Уривањето на авионот Ил-76 претставува терористички напад, уште едно злосторство извршено од криминалното лоби на Зеленски – се наведува во соопштението.
Претходно денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека во 11 часот и 15 минути, Киев извршил терористички акт во кој беше соборен руски воен транспортен авион. Авионот со украински војници за размена летал на релација Чкаловски-Аеродром Белгород.
Како што се наведува во текстот, авионот бил соборен од Вооружените сили на Украина од Липци, регионот Харков, со помош на противвоздушен ракетен систем.
Радарската опрема на руските воздушни сили снимила лансирање на две украински ракети.
Во авионот имало шест членови на екипажот, 65 украински војници за размена и тројца руски војници кои ги придружувале.
Екипажот и сите патници на авионот загинаа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.