Митревски се врати Еурофарм Пелистер



Никола Митревски по четири години се враќа во својот матичен клуб и од сезоната 2024/25 ќе го брани голот на Еурофарм Пелистер, според договоротпотпишан во четвртокот во клупските простории во Битола.

„Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следните две сезони“, соопштија од клубот.

По четири сезони во првакот на Португалија – Порто, Митревски ќе застане на голот на битолскиот клуб. Во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: