Нападната Русија, авиони летаа над Казан! Еден удри во облакодер, одекна силна експлозија, зградата гореше! (ВИДЕО)

На едно видео од Казан се гледа како украинско беспилотно летало удира во 37-катниот станбен комплекс-кула „Азурско небо“. Беспилотно летало налик на авион удрило во врвот на зграда висока 122 метри, по што следела експлозија и пожар.Погодена е и друга зграда од 23 ката во центарот на Казан.  Дронот се урна во комплексот, што резултираше со голема експлозија и пожар.  На жителите им било кажано да се евакуираат или да се засолнат во подрумите.
👉 Such attacks are tragic and innocent lives should never be targeted in conflicts.😭🥲#Kazan #Terroristattack pic.twitter.com/ClWT6wPjpC— Chandan Kushwaha (@ChandanKus4) December 21, 2024
По тој повод, петкатница во Казан се запали по напад со дрон. Како што пренесува британски „Сан“, беспилотните летала ги погодиле зградите од исток, а најблиската територија под контрола на Украина е на некои 1080 километри од местото каде што е извршен нападот.
There was a 26/11 type of terrorist attack on Russia,#Kazan #Terroristattack #DroneAttack |#Kazan pic.twitter.com/Feq2jMPdEl— Abiha Zaidi (@AbihaZaidi21) December 21, 2024
Казан е главен град на руската република Татарстан, регион кој е водечки во производството на руски воени беспилотни летала.  Градот има 1,3 милиони жители и е познат како „трета престолнина“ на Русија по Москва и Санкт Петербург.
Ukrayna’ya ait drone, Rusya’nın Kazan kentinde Azure Skies adlı 36 katlı binaya kamikaze saldırısı düzenledi.Toplam 8 Drone saldırısı düzenlendi, 6’sı konutları hedef aldı pic.twitter.com/mWKoIL5Ru3— AtılımHaber.com 🇹🇷 (@Atilimhaber_com) December 21, 2024
Се стравува од нови напади, па се огласиле сирените за воздушен напад, а на жителите им било наредено да останат смирени, да се облекуваат топло и да се спуштат на првите катови и подруми.  Нема информации за жртви во нападите во Казан.Претходно, во нападите врз руската област Курск и градот Рилск, загинаа пет лица, а 12 беа ранети. Осум дронови денеска го погодија Казан, соопштија регионалните власти. Соборен е само еден.
The Lazurnye Nebesa (Azure Skies) skyscraper in #Kazan, #Russia, is a residential building. The targeting of this building suggests the existence of some important people, thus possibly another high-profile assassination attempt by #Ukraine. https://t.co/m7OnsRMXUy— Jude Seleck 🇺🇸 🇮🇹 🇺🇦 🇦🇲 (@jules_jude) December 21, 2024
Еден удрил во индустриски комплекс, еден паднал во река, а шест биле насочени кон станбена зона рекоа руски извори.Поради нападот со дрон беше затворен меѓународниот аеродром во градот, а за време на нападот беа евакуирани ученици од неколку училишта во Казан.
Die Situation am höchsten Gebäude in Kasan im Wohnkomplex „Azure Skies“ jetzt nach dem UAV-Angriff.Er schreibt das es ein Wohnkomplex ist .🤔https://t.co/JnOXoOwOZW— Rica Schlemmer (@RicaSchlemmer) December 21, 2024
Руските воени канали објавија дека веројатната цел била фабрика за барут во Казан и дека „непријателот целосно го игнорирал присуството на станбени згради за време на нападот, што довело до напади на камикази врз високи згради“.Други тврдат дека целта била фабриката за авиони во Казан или аеродромот.

Пронајдете не на следниве мрежи: