Наташа Беквалац ги откри своите мрачни тајни, па порача: „Таква ми е душата“

Таа вели дека нејзините се подеднакво темни колку и светли.
Поп-пејачката Наташа Беквалац често истакнувала дека нејзиниот живот е полн со тајни кои вешто ги крие, а сега одлучи и јавно да ги сподели.
Имено, таа ја објави својата долго најавувана песна наречена „Тајни“, за која истакнува дека е убедливо најинтимната песна што ја отпеала во нејзината 22-годишна кариера.
По примерот на реченицата од филмот Титаник дека срцето на секоја жена е неистражен океан полн со тајни, таа вели дека нејзините се мрачни исто коллку што се и светли.
– Штом првпат ја слушнав „Тајни“, знаев дека тоа е моја песна и дека сигурно ќе одбележи дел од мојата кариера, но некое време се плашев да влезам во студио и да ја отпеам бидејќи имав впечаток дека е преголема за мене. Решив да ја снимам токму таква, недоволно голема и моќна. Затоа што и мојата душа е таква. Им должам огромна благодарност на сите кои ми помогнаа да ви ги откријам моите Тајни, бидејќи ништо не би било возможно без луѓето кои несебично ги споделуваат своите таленти со мене – вели Наташа.
Автори на песната се Милош Рогановиќ и Ателје Траг, а спотот го сработија Душан Петровиќ и Александар Батајиќ, додека за визуелниот идентитет на Наташа во „Тајни“ се уште е задолжена нејзината сестра Кристина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.