Наум Петрески со порака до колегите: Ако ги крадете моите песни, нема да направите кариера како мојата

Наум Петрески во интервјуто за естрадниот магазин Бекстејџ удри по песните од соседството :  ,, Ја бих опет  била тепих по коме ти газиш” ова никогаш не би го  ставил во песна, а во стихот ,,Робиња твоја  сам ја убиј ме” , убиј ме  би го заменил со љуби ме.

Истражувањето кое што презентираше балкански песни во коишто се промовира насилство врз жените ја разбранува јавноста, а не се воздржа од коментари ниту популарниот фолк пејач Наум Петрески, но апелираше дека додлку се препејуваат неговите песни нема да направат кариера, и дека треба да работат на своја, авторска музика и само на тој начин ќе изградат кариера, а не со туѓи перја да се китат.

Естрадниот магазин Бекстејџ е препознатлив по тоа што секогаш гледа на позитивната страна на нештата,  па така беше и овој пат.  Бекстејџ го предизвика Наум  стиховите коишто промовираат насилство  да ги преформулира за да промовираат љубов. На крајот од целиот разговор Наум на водителката и ја запеа  запеа песната Ангела од својот колега  Зоран Ванев . 
Целото интервју можете да го погледнете во продолжениe.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.