Највкусната салата со пилешко: Со неколку состојки и 15-тина минути до оброк кој заситува

Оваа вкусна оброк салата со пилешко и павлака можете да ја подготвите за само 15 минути и тоа со само неколку состојки!

За неа ви се потребни макарони, пилешко филе, павлака и зеленчук по вкус. Можете да бидете креативни и да внесете нови состојки по ваш вкус, и да направите пилешка салата со богат вкус и примамлив изглед.

Потребни состојки:

  • 300 гр. пилешко бело месо
  • 2 јајца
  • 400 гр. кисела павлака
  • 4 кисели краставички
  • 200 гр. макарони
  • 1 лажичка сенф
  • неколку листови сланина
  • малку сол и бибер

Начин на подготовка:
Измијте го пилешкото филе, зачинете по вкус и испржете го на малку масло. Тестенините згответе ги според упатството на пакувањето така што ќе бидат „ал денте“ и сварете ги јајцата.

Во еден сад ставете ја павлаката, сенфот, исечканите јајца и тестенините и сè убаво измешајте. Потоа додадете го пилешкото бело месо исечкано на коцки, како и краставичките исечени на ситни парчиња.

Листовите сланина пропржете ги додека не станат крцкави и исечкајте ги на ситни парчиња. На крајот соединете ги сите состојки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.