Зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени ќе ја чини Европа 872 милијарди евра до 2100 година. Најзагрозени области се делови од Италија, Франција, Холандија, Данска и балтичките земји, се вели во студијата објавена во научното списание Scientific Reports.
Резултатите од студијата сугерираат дека е неопходно да се воведат економски мерки за регионите на кои им се заканува пораст на нивото на морето, велат авторите на студијата.
- САД не ги исклучуваат територијалните отстапки од Киев за решавање на украинскиот конфликтНа Владимир Зеленски останува да одлучи дали и кога ќе… Read more: САД не ги исклучуваат територијалните отстапки од Киев за решавање на украинскиот конфликт
- Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУВласта ја оствари својата цел, а тоа е Северна Македонија… Read more: Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ
- Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи – од утре на сила Законот за нефер трговски практикиОд утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики… Read more: Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи – од утре на сила Законот за нефер трговски практики
- НАПАДИ ВРЗ ЛИБАН: Загина 9-члено семејство во денешното израелско бомбардирање, во текот на оваа недела се убиени околу 700 луѓеДеветчлено семејство загина денеска во израелско бомбардирање во Либан во… Read more: НАПАДИ ВРЗ ЛИБАН: Загина 9-члено семејство во денешното израелско бомбардирање, во текот на оваа недела се убиени околу 700 луѓе
- Дневен хороскоп за петок 27 септември! Успехот во животот ја следи Вагата, менувајќи го здравјето на Водолијата!Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас.Еве што може… Read more: Дневен хороскоп за петок 27 септември! Успехот во животот ја следи Вагата, менувајќи го здравјето на Водолијата!
Истражувачите го симулираа потенцијалното економско влијание на порастот на нивото на морето во 271 европски регион од сега до 2100 година, во сценарио кое претпоставува високи нивоа на штетни емисии и без мерки за заштита на крајбрежјето.
Според тоа сценарио, Италија би била меѓу најтешко погодените земји.
Целните инвестиции во логистиката, јавните услуги и градежништвото би можеле да ги намалат потенцијалните економски загуби од порастот на нивото на морето, заклучуваат научниците.
Истражувањето го спроведе холандскиот технолошки Универзитет „Делфт“ во соработка со Европскиот Институт за економија и животна средина во Милано и Универзитетот „Ка Фоскари“ во Венеција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.