Познатата пејачка Шакира ја чека уште едно судење, овојпат поради обвинението дека на шпанските даночни власти им должи речиси 6,7 милиони евра. Канцеларијата на јавниот обвинител поднесе кривична пријава против Колумбијката пред суд во близина на Барселона, изјави портпаролот.
Сега судот ќе одлучи дали ќе и’ се суди на пејачката.
Прелиминарната истрага започна во јули откако УЈП пријави две можни прекршувања поврзани со даноците на доход и имот во 2018 година.
На Шаќири оваа година треба да и’ се суди во Барселона по одделни обвиненија за затајување данок во вкупна вредност од околу 14,5 милиони евра помеѓу 2012 и 2014 година. Државниот обвинител бара затворска казна од осум години и два месеци и парична казна од 23,8 милиони евра.
Шакира изјави дека е невина во првиот случај и тврди дека била обврзана да плаќа данок на Бахамите во 2012, 2013 и 2014 година, а не во Шпанија. Но, таа вели дека во меѓувреме ги платила сите даноци плус затезна камата.
Во јули минатата година, Шакира одби вонсудска спогодба во Шпанија, каде што повремено живееше со поранешниот шпански фудбалер и поранешен сопруг Жерар Пике. По раскинувањето, Шакира се преселила во Мајами со своите синови.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.