Тајната на добриот, крцкав и ароматичен компир е секогаш во процесот на печење да ги промешате неколку пати, така што компирите не би се залепиле на тавчето или хартијата за печење.
За да го почувствувате вистинскиот и јак вкус на зачините ставете ги откако компирите ќе се испечат.
Потребни состојки:
1 кг компири, излупени и исецкани на коцки
сол и мелен црн пипер
маслиново масло
2 зелени лути или благи пиперки
1-2 чешниња лук, ситно исецкан
1 лажичка сув босилек
1/2 лажичка кари во прав
1 лажичка суво оригано
2-3 лажици свежо исечкан магдонос
Подготовка:
Излупените и исецкани компири, добро избришете ги со крпа. Ставете ги во сад, посолете и нарусете мелен црн пипер по желба. Додајте маслиново масло. Целата смеса распределете ја во тавче така што компирите да не бидат едни врз други. Во тавата додајте ги пиперките, тие ќе допринесат за уште поегзотична арома на компирите. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути до посакуваната златно кафена боја.
Веднаш штом ги извадите од рерна нарусете ги зачините. Добро промешате и сервирајте во чинија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.