Не можат сами да дишат: Тројца заболени од морбили во многу тешка состојба

Еден возрасен, седуммесечно бебе и едногодишно дете, кои се заболени од морбили, се наоѓаат во многу тешка здравствена состојба. Тие не можат ниту самостојно да дишат, бидејќи вирусот ги нападнал и нивните бели дробови и се приклучени на апарати за дишење. Овие пациенти се лекуваат на Клиниката за инфективни болести.
По заразата со морбили, како што објаснуваат лекарите, тие се разболеле и од потешка форма на пневмонија, што е честа компликација.


На Клиниката изминатиов викенд биле регистрирани 18 новозаразени со мали сипаници. Освен од Скопје, има и заболени од Куманово, Кичево, Струга и други градови. Половина од нив се задржани на болничко лекување.
Според информациите, сите тие не се вакцинирани против морбили. Во оваа клиника се лекуваат 31 пациент со морбили.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.