Не прифаќаме уцени од Америка, ќе се бориме до крај

„Не прифаќаме уцени од Америка, ќе се бориме до крај“: Кина жестоко одговори на заканата на Трамп за царини од 104 отсто, трговската војна излегува од контрола!
Кина остро одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе дополнителни царини од 50 отсто на кинеските стоки увезени во САД, доколку Пекинг не ги откаже одмаздничките мерки.
Трамп првично воведе царини од 20 отсто за Кина, а минатата недела, како дел од објавувањето на новите давачки за бројни земји низ светот, најави дополнителни „реципрочни“ царини од 34 отсто, на што кинеските власти одговорија во рок од 48 часа со царини за увоз на американски стоки од истите 34 отсто.
Ако Трамп ја исполни својата последна закана, американските царини за втората по големина економија во светот ќе се зголемат за неверојатни 104 проценти.
Би-Би-Си известува дека оваа давачка ќе влијае и на одредени американски компании кои купуваат производствени ресурси од Кина. Пекинг утринава одговори на новата закана на Трамп со порака дека никогаш нема да ја прифати „уценувачката природа на САД“ и дека „ќе се бори до крај“.
„Америка прави грешка по грешка, заканувајќи се дека ќе ги зголеми царините за Кина“, соопшти кинеското Министерство за трговија. Си-Ен-Ен објави дека Министерството изјави дека заканата „уште еднаш ја разоткрива уценувачката природа на САД“.
Повеќе тука
The post Не прифаќаме уцени од Америка, ќе се бориме до крај appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: