Рускиот тенисер Андреј Рубљов се пласира во четвртфинале на Австралијан опен, но таму за противник ќе го има Новак Ѓоковиќ.
Рубљов по драма во пет сета го совлада Холгер Руне и така си место меѓу најдобрите осум тенисери, но загрижен е пред пресметката со Ѓоковиќ.
„Никој не сака да игра против Ѓоковиќ. Повеќе би сакал да сум во вториот дел од ждрепката, но не и со Новак“, кажа Рубљов.
Натпреварот меѓу Рубљов и Ѓоковиќ е закажан за среда, а во нивните три досегашни меѓусебни пресметки двапати славеше Србинот.