Само 18 проценти од македонското население ќе има каде да се засолни во случај на оружен напад врз државата, прецизираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за порталот „МКД.мк“.
На целата тетиторија на Македонија има 185.465 засолнишни места, а за да се засолни целото население потребни се вкупно 1.034.450, бројка која произлегува од зафатот на загрозените зони што изнесува приближно 40 отсто од вкупната површина на државата.
ДЗС располага со 101 од вкупно 1.761 засолниште низ цела Македонија.