НОВАК ЏОКОВИЌ СЕ ОГЛАСИ ПОСЛЕ АВСТРАЛИСКАТА ДРАМА: Во коментарите му се јави и Северина

Новак Ѓоковиќ за прв пат се огласи на Инстаграм по драмата во Австралија.
Тој го направи тоа за да му честита на Рафаел Надал за победата на Австралија опен.
„На овогодинешниот Австралија опен се играше извонреден тенис, а финалето беше извонредно. Честитки до Еш Барти за нејзиниот настап пред домашната публика и Даниел Колинс на извонредниот турнир. Честитки до Рафаел Надал за неговата 21. Грен слем титула. Неверојатно достигнување. Повторно преовладуваше секогаш импресивната борбеност. Даниил Медведев даде се што можеше и играше со страст и одлучност, што го очекувавме од него“, изјави еден од најдобрите тенисери во светот.


Меѓу бројните коментари се најде и оној на Северина кој му остави емотикон со црвено срце.
„Честитки за сите победи. Не само спортски, туку и животни. Чест е да се живее во времето на Новак Ѓоковиќ. Благодарам“, му напиша таа уште во ноември минатата година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.