Собранието на Република Македонија со години корумпираните политички елити го гледаат како бунар без дно од кој испумпуваат пари од буџетот на државата, пари на граѓаните, наместо да биде храм на демократијата.
И годинава политичките елити не го поштедија народот од милионски суми за патни трошоци. Само во текот на 2023 година покрај покачените плати и останати приходи за пратениците, буџетот е олеснет од страна на пратениците за неверојатни 19.5 милиони денари.
- „Се дисквалификуваа сами“: Захарова откри што се зборува во ходниците на ОНВо ходниците на Обединетите нации наведуваат дека американскиот Стејт департмент се претворил- прочитај повеќе
- Австралија обезбедува дополнителни 10 милиони долари хуманитарна помош за ГазаАвстралија издвои 82,5 милиони долари од почетокот на војната во Газа, а- прочитај повеќе
- Поранешна свештеничка и мисионерка станаа ѕвезди на OnlyFans: „Излеговме од црквата, многумина ќе речат дека беше грев“Поранешна свештеничка и поранешна мисионерка, кои ги напуштија своите духовни животи, станаа- прочитај повеќе
- „ABC News“ тврди: Војници на ИДФ влегоа во пограничните делови на Либан„ABC News“, повикувајќи се на информации добиени од американски официјални лица, пренесе- прочитај повеќе
- Преспанското Езеро од албанска страна порибено со над 620 илјади парчиња подмладок на автохтон крапПреспанско Езеро од албанска страна, кај Пустец, порибено е со над 620- прочитај повеќе
Поголемиот дел од пратениците кои земале патни трошоци, ретко или никогаш не се појавиле на говорница, не поднеле никакво законско решение или амандман во интерес на македонските граѓани.
Собранието се претвори во циркус кој го плаќаат граѓаните, пратениците наместо да одлучуваат своеволно и во интерес на граѓаните чекаат инструкции од партиските штабови за да кренат рака во храмот на демократијата, а партиските и личните интереси се ставени пред интересите на граѓаните.
Овој начин на делување мора и ќе биде променет, основната идеја на Собранието е преку дебата различни политички чинители да можат да дискутираат за предлог законски решенија кои ги предлагаат во интерес на граѓаните, а не како сега, во пазар каде се договараат за амнестија на криминалот и корупцијата.
Нова Алтернатива уште во првите неколку месеци од влегувањето во парламентот ќе предложи сериозни измени во делот на патните трошоци за пратениците кои ќе бидат услов за формирање на Влада. Буџетот на државата не е бунар без дно и начин пратениците да се збогатат во еден мандат. Нова Алтернатива најавува крај на милионските давачки за граѓаните за патни трошоци и останати злоупотреби на парите на граѓаните за лично богатење.
*Соопштение на партијата Нова Алтернатива
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.