Гестот на нервозниот Кристијано Роналдо предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
По ремито со Ал Калеј (1:1), најдобриот играч на Ал Наср поради една непристојна реакција стигна во центарот на вниманието.
Тоа беше уште еден фрустрирачки ден за Роналдо бидејќи неговиот тим по новиот „кикс“ во Про лигата на Саудиска Арабија дополнително се оддалечи од шампионската титула. Ал Наср сега има 5 бодови помалку од лидерот на првенството, Ал Итихад, и минимални шанси да стигне до трофејот.
Роналдо не се прослави на теренот, па бил исклучително нервозен по последниот судиски свиреж и немал разбирање за барањата на противничките играчи.
Имено, фудбалерите на Ал Калеј силно го посакувале дресот на Роналдо и фотографија со славниот Португалец, па го опколиле по натпреварот. Но, тоа не му се допаднало на Кристијано, кој бил нервозен поради лошиот меч и лошиот резултат на својот тим.
Нервозниот Роналдо му го дал дресот на Фабио Мартинс и луто тргнал кон соблекувалната, но фудбалерите и членовите на стручниот штаб на противничкиот тим не се откажале. Тие сакале по секоја цена да дојдат до селфи со големата ѕвезда.
Во еден момент, член на стручниот штаб на Ал Калеј го прегрнал Роналдо за да направи селфи и тоа го разбеснило Португалецот, кој го оттурнал од себеси.
Интересно, дури и по тој потег играчите на овој фудбалски тим не се откажале. Тие го чекале фудбалерот пред соблекувалната на Ал Наср да излезе, а дали имале среќа, не е познато.
Роналдо оваа сезона одигра 16 натпревари во дресот на Ал Наср и постигна 12 погодоци.