Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ. Со малку работа може да ги направиме работите подобри. Планот за раст е многу поразличен од претходните понуди на Унијата и вели – „ајде да ја завршиме практичната работа“. Секој од лидерите ја препознава и согледува важноста од напредувањето, но е подготвен и да го преземе политичкиот ризик. Се надевам дека ќе постигнеме промена и дека ќе им понудиме можност на граѓаните во целиот регион, порача денеска помошникот државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн во обраќање на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан што се одржува во Скопје.
- Кејн се повреди, неизвесен е за дуелот со Астон ВилаНа вчерашниот дерби натпревар меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен кој заврши нерешено 1-1, Хари- прочитај повеќе
- Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или затворање на европскиот патПоранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за- прочитај повеќе
- (Видео) ХАОС ВО ТЕТОВО: Капитенот на Вардар беше удрен со тврд предмет па тргна да се тепа со домашните навивачи – по крајот на дуелот со специјалци беше изнесен од теренот!Teнзично беше денес во натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово кој домаќините го добија- прочитај повеќе
- Писонеро: ЕК очекува старт на преговорите по кластери со Северна Македонија штом таа ги исполни договорените релевантни критериуми– Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја- прочитај повеќе
- Израел го нападна и ЈеменМинистерството за здравство на Хутите во Јемен објави дека четири лица се загинати, а 29- прочитај повеќе
На прашање за тоа дали со себе носел нон-пејпер, тој го повика Христијан Мицкоски да објави нон-пејпер во кој ќе објасни како ќе ја внесе Македонија во Европската Унија.
-Ми кажаа дека некој ќе ме праша за некаков нон-пејпер. Сакам да останам на она што го кажав кога бев тука во ноември и го повторив денеска. Мислам дека е до граѓаните на Македонија да одлучат како ќе продолжат понатаму. Мислам дека едната партија предложи начин како да се продолжи понатаму и е разбира е критикувана затоа што на некои луѓе им се допаѓа или не тој пат. Мислам дека другата партија ветува дека ќе најде начин како да продолжи напред. И мислам дека е фер граѓаните да побараат таа партија да објави свој нон-пејпе со кој ќе ја објаснат својата визија и тогаш ќе можете да одлучите помеѓу визијата која ја знаете и некакво ветување, вели Обрајан.
„Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е, тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, изјави претходно помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан во интервју за „360 степени“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.