Прва слика од монструмот Палчо по апсењето! Осомничен дека е организатор на киднапирањето и убиството на Вања (14)!

Ова а првата фотографија од уапсениот Љупчо Пелевски, осомничен дека е организатор на киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска (14).

Пелевски вечерва е уапсен во Турција по потерница од македонскиот Интерпол.

Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош во Газа
Помошта во авионот C-130J Super Hercules, кој полета од централниот италијански град Пиза, беше собрана од добротворната група „Confederazione Nazionale delle Misericordie d’Italia“, се вели во соопштението.-Италија прави и ќе продолжи да прави …
Комунална хигиена подигна 10 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни површини
ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска во центарот на Скопје подигна и транспортираше десет кубни метри непрописно одложен отпад од јавни површини.Воедно, екипите на претпријатието ги спроведоа и своите секојдневни редовни активности за празнење на …

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги откри деталите за криминалот што го потресе целиот регион. Спасовски рече дека Палевски преку Србија и Бугарија преминал во Турција.

– Со автомобил беше донесен во Белград и оставен во хотел. Потоа преку Бугарија бил пренесен во Турција во градот Баликешир. Нашите полицајци се сретнале со нивниот оперативен извор, кој ги известил дека осомничениот оттаму сакал да замине во Истанбул и дека се договорил со таксист. Тој остана во Баликешир каде што беше уапсен на улица. Тоа беше последната алка од грозоморниот чин што недостасуваше да се каже дека го решивме случајот – рече министерот.

Љупчо Пелевски
Спасовски рече дека постапката за екстрадиционен притвор е во рацете на Министерството за правда, а потоа ќе се појави пред судот.

– Затоа правдата треба да биде брза и целосно спроведена – рече Спасовски на прес-конференцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.