Одлична комбинација – мафини со лимон и јагоди

СОСТОЈКИ:
1/4 шолја масло
1/2 шолја млеко
1 јајце
рендана кора од еден лимон
125 гр бело брашно
90 гр брашно од цело зрно пченица
1/2 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
100 гр кристал шеќер
50 гр кафеав шеќер
1 шолја сечкани јагоди


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во калап за мафини ставете хартиени корпички.
Во сад со средна големина измешајте масло, млеко, јајце и сок од 1 лимон.
Во посебен сад измешајте рендана кора од лимон, бело брашно, брашно од пченица, сол, прашок за печиво, бел и кафеав шеќер. Додајте сечкани јагоди. Потоа во оваа смеса додајте ги и влажните состојки и внимателно измешајте. Наполнете ги калапите со смесата до 3/4 од корпичките.
Печете во загреана рерна околу 25 минути. Кога мафините се печени, почекајте 10 минути да се изладат, па извадете ги од калапите и послужете.
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.