Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека денеска е важен ден за грчката национална одбрана бидејќи Грција официјално е на пат да набави до 40 авиони Ф-35.
„Врз основа на писмото што го добив од државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, беше нагласена и запечатена стратешката длабочина на грчко-американските односи“, рече Мицотакис, според Катимерини.
- (Видео) КОЈ ВИКНА ТАКСИ НА СТАДИОН? Ова го има само во БугаријаНатпреварот од 10. коло на бугарското првенство меѓу ЦСКА 1948 и Софија,… Read more: (Видео) КОЈ ВИКНА ТАКСИ НА СТАДИОН? Ова го има само во Бугарија
- (Видео) СЕЛО ГОРИ, БАБА СЕ ЧЕШЛА Овој Американец си најде занимација откако му се поплави куќатаФлорида се најде на удар на еден од најсилните урагани во овој… Read more: (Видео) СЕЛО ГОРИ, БАБА СЕ ЧЕШЛА Овој Американец си најде занимација откако му се поплави куќата
- Трагедија ја потресе Македонија: Вработена во училиште пронајдена почината во училницаВчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една… Read more: Трагедија ја потресе Македонија: Вработена во училиште пронајдена почината во училница
- Ова се десет најголеми компании по приход во 2023 годинаЏонсон Мети е на првото место на листата на најголемите компании по… Read more: Ова се десет најголеми компании по приход во 2023 година
- УХМР со вонредни најави за времетоСончево и топло време ќе преовладува до утре до крајот на денот… Read more: УХМР со вонредни најави за времето
Според него, во исто време, Грција ќе добие многу голем пакет опрема бесплатно, со што ќе се зајакнат сите три гранки на вооружените сили, како и крајбрежната стража на Грција.
„Тоа се фрегати, транспортери Ц-130, оклопни тенкови и возила, но и многу други одбранбени материјали кои нашата земја ги обезбеди на барање што лично му го испратив на претседателот (САД Џозеф) Бајден во мај 2022 година“, рече Мицотакис.
Тој посочи дека ова е резултат на методичен, тивок и долг напор, кој претставува комбинација на доследноста на Грција како сојузник на меѓународните фронтови и промоција на нејзините национални интереси.
Американскиот Стејт департмент претходно денеска го информираше Конгресот дека одобрил продажба на 40 ловци Ф-35 на Грција, кои чинат 8,6 милијарди долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.