Маргарита Симонијан, главна уредничка на „Русија денес“, коментирајќи ја информацијата дека Германија ѝ дозволила на Украина да ја гаѓа руската територија со ракети со долг дострел „Таурус“, нагласи дека Русија има право да одговори.
„Во канцелариите во Москва размислуваат дека ако германските војници ја гаѓаат Москва со германско оружје (а дозволата за гаѓање на Таурус може да значи само тоа, бидејќи Украинците не можат сами да ги сервисираат или да постават податоци за летот), немаме друг избор освен да го гаѓаме Берлин“, изјави Симонијан.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес на прес-конференција по средбата со Владимир Зеленски во Берлин изјави дека Германија сака да и обезбеди оружје со долг дострел на Украина. „Исто така, сакаме да овозможиме заедничко производство. Нема јавно да ги дискутираме деталите, но ќе ја интензивираме соработката“, рече Мерц, одговарајќи на прашање за можноста за испорака на крстосувачки ракети Таурус. Германскиот канцелар Фридрих Мерц предизвика конфузија и критики тврдејќи дека Германија, САД, Велика Британија и Франција ги укинале ограничувањата за дострелот на оружјето што го испорачуваат на Украина, што би значело зелено светло за напади на руска територија. Неговата изјава брзо беше демантирана од вицеканцеларот Ларс Клингбеил, додека самиот Мерц подоцна тврдеше дека одлуката за укинување на ограничувањата е донесена уште порано.
Ова не е прв пат Мерц да „трча пред кривата“ со своите изјави – во април тој веќе зборуваше за можноста за испраќање ракети „Таурус“, иако германскиот министер за одбрана беше против тоа. Неконзистентните и непромислени пораки на канцеларот само дополнително ги разгоруваат тензиите и го поткопуваат кредибилитетот на германската надворешна политика. Неговиот претходник, Олаф Шолц, се залагаше за ограничување на дометот на испорачаното оружје и одби да испорача германски крстосувачки ракети „Таурус“ на Украина поради ризикот Германија да биде вовлечена во војната, додека сојузниците, Франција и Велика Британија, ѝ дозволија на Украина да ги испали своите ракети со долг домет длабоко на руска територија уште во ноември минатата година, објави Спутник. Ова значи дека Киев може да ги користи ракетите „Скалп“ и „Сторм Шедоу“ за овие цели. Дометот на овие ракети е дури и поголем од оној на американските „Атакам“, кои можат да погодат цели на растојание до 300 километри.