Операцијата во Рафа ќе трае најмалку до крајот на годината: Израелски функционер ги откри намерите на Тел Авив

Израелскиот советник за национална безбедност Цачи Ханегби изјави дека очекува израелските воени операции во Газа да продолжат барем до крајот на годината, отфрлајќи ја идејата дека војната може да заврши по офанзивата против Хамас во Рафах.„Очекуваме уште седум месеци борби за да го консолидираме нашето достигнување и да го постигнеме она што го дефинираме како уништување на воените и управувачките способности на Хамас и Исламскиот џихад“, рече Ханегби во радио интервју за Кан, израелскиот јавен сервис, според Њу Јорк Тајмс.Израелските власти рекоа дека очекуваат долготрајна кампања која ќе напредува во фази кон борби со помал интензитет.Сепак, се чини дека оценката на Ханегби е во спротивност со претходните проекции на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој во април рече дека земјата е „на работ на победа“ во војната против Хамас.Во последните неколку недели, израелските трупи постојано се враќаа во северниот дел на Појасот Газа во обид да го задушат обновениот бунт на милитантите на Хамас.

Пронајдете не на следниве мрежи: