Орбан: Најважното прашање на европските избори е дали Европа треба да остане надвор од војната или да влезе во војна

Најважното прашање на европските избори е дали Европа треба да остане надвор од војната или да влезе во војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан по гласањето на изборите за Европскиот парламент.„Денес треба да победиме на овие избори во Европа, ова се први европски избори на кои оваа тема се провлекува низ речиси сите земји-членки. Ги следев германската, италијанската и француската изборна кампања, сите зборуваа за војната, па сега тоа е паневропско прашање“, изјави Орбан, пренесува Танјуг.Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен терористички нападОдговарајќи на новинарско прашање, Орбан рече дека мирот во Украина може да се постигне во два чекори.„Прво, треба да победиме на европските избори и нивните резултати да се толкуваат како мислење на луѓето за прашањето за војна и мир“, рече тој, пренесува МТИ.Во Унгарија денеска е забележана голема излезност, а до 13 часот гласале 33,14 отсто од гласачите, над два милиони луѓе.Во исто време со изборите за ЕП, во Унгарија се одржуваат и локални избори.

Пронајдете не на следниве мрежи: