Освен Наташа и овие српски пејачки признаа дека биле жртва на семејно насилство!

Изминатиот викенд јавноста беше згрозена од веста дека Лука Лазукиќ физички ја напраднал сопругата Наташа Беквалац.

Лука е пуштен да се брани од слобода, бидејќи обвинителството не му одреди мерка за задржување.

Бројни колешки на пејачката Беквалац, се огласија со поддршка, а некои од нив и самите одлучија да проговорат јавно за тоа.

Ивана Стаменковиќ Синди, која го изгуби старателството над ќерката, на судот му достави фотографии со повредите и лекарските потврди дека сопругот ја малтретирал.

Анабела  Атијас се разведе од Гаги Џогани, а потоа призна дека тој со години ја малтретирал.

Гоца Тржан призна дека трпела насилство од својот поранешен партнер и истакна дека таквите нешта се премолчуваат.

-Првиот пат кога го направи тоа не го оставив, но кога се повтори- да. Ме удри и ми ја проби ушната школка. Не сакам на тоа да се сеќавам, но добро е да се знае дека такви работи се случуваат и за нив нема молчење, кажа Гоца во една прилика за српските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.