Отворање на новиот Културно-информативен Центар во Белград со изложба и концерт

Вчера вечерта, во новоотворениот простор на улица Македонска број 30 во Белград, започна со работа нашиот најнов Културно-информативен Центар. Присутната публика во Белград ја поздравија директорот на Центарот, Васко Шутаров, и Никола Тупанчески, амбасадорот во Србија, кои заеднички го отворија настанот.
Во пресрет на Велигденските празници, хорот „Менада“ понуди специјална програма со осум духовни песни, неколку хорски аранжмани на македонски шлагери и една фолклорна мелодија од тетовскиот регион, создавајќи извонредно свечена и топла атмосфера во Центарот.
Големо внимание привлече и значајната ретроспективна изложба насловена „Два конца парај“, која се состои од педесет дела од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија. За изложбата беше подготвен соодветен каталог и плакат. Оваа изложба ќе може да се види и за време на следниот голем настан организиран од македонскиот Културно-информативен Центар во Белград – одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, кој ќе се одржи на 5 мај во 19 часот.
The post Отворање на новиот Културно-информативен Центар во Белград со изложба и концерт appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: