ОТРУЕНА СОПРУГАТА НА ГЛАВНИОТ УКРАИНСКИ РАЗУЗНАВАЧ? Убавата Маријана итно пренесена во болница, и нашле ТЕШКИ МЕТАЛИ во крвта

Сопругата на началникот на Главната разузнавачка управа на Украина, генерал Кирил Буданов е отруена и се наоѓа во болница, пишува Страна, повикувајќи се на порталот Бабел.

Според изворите на украинскиот портал, на Маријана Буданова и е дијагностицирано труење со тешки метали.

Приведено лице барано со потерница
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница. „На 28.09.2024 во 17.30 …
Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест
Пивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката на пиво опаѓа. Тобијас Золо, главен производител на пиво на Вајхенстефан, најстарата пиварница …
  • Овие супстанции не се користат на никаков начин во секојдневниот живот или во воените работи. Нивното присуство може да укаже на намерен обид за труење одредена личност – тврди извор од украинскиот медиум.

Нејзиното здравје наводно се влошило во текот на подолг временски период, поради што била хоспитализирана. Буданова моментално е под лекарски надзор.

Украинските медиуми пишуваат дека таа не е единствениот случај на труење во последно време и дека тешките метали најверојатно се внесувале преку храната.

  • Веќе е подобро, првата фаза од лекувањето помина. Бидејќи сопругата на Будан има недоволна тежина, тоа се манифестираше побрзо во нејзиниот случај. А за неколку работници е потврдено и дека се отруени – вели изворот на украинскиот весник.

Во тек е истрага за обид за убиство.

Како што пишува Страна, поранешниот генерален обвинител на Украина Шокин претходно тврдел дека се обиделе да го отрујат.

Маријана е втората сопруга на Кирил Буданов. Највисокиот украински разузнавач се ожени за прв пат во 2009 година, но тој брак на крајот се распадна.

Веќе во 2013 година се ожени со Маријана.

Таа е родена 1993 година во селото Ставише, во Киевската област, а по обука е психолог.

Била кандидат за пратеник на партијата „Удар“ Виталиј Кличко, а подоцна му била советничка за борба против корупцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.