Подгответе ја по рецепт на познат италијански готвач. Не сте пробале поубава палента од оваа со печурки.
Палентата е традиционално италијанско јадење кое можете да го служите и за појадок и за ручек, но и за вечера. Сѐ зависи од тоа кои намирници ќе ги додадете. Ако сакате да направите лесен, а вкусен ручек, тогаш ви предлагаме да ги пробате рецептот за палента во сос од печурки од познатиот италијански готвач Џенаро Конталдо.
Потребни состојки:
1 л вода
250 гр палента
парче путер
пармезан
За сосот:
малку маслиново масло
2 дебели парчиња сланина
1 морков
½ кромид
1 стапче целер
300-400 гр печурки
200 мл доматен сос
200 мл булјон
1 луто пиперче
стебленца магдонос
сол
Подготовка:
На малку загреано масло пропржете сечкани сланина и морков. Додадете ситно сечкан кромид и целер. Кога зеленчукот ќе омекне додадете ги печурките кои сте ги исечкале на четвртинки. По две минути сипете доматен сос и посолете. Промешајте и сипете булјон и додадете цела лута пиперка. Потоа додадете сечкани стебленца магдонос. Гответе уште 30-35 минути. Во тенџере ставете вода за зоврие, па растопете го путерот. Постепено ставајте палента и гответе додека не се згусне, со непрекинато мешање. Во чинија сипете палента, посипете со рендан пармезан и над тоа сипете сос од печурки и повторно посипете со пармезан.