Знаеме сè за најубавите комбинации на бои. Црната боја ја обожава белата и заедно со неа ги создава најелегантните модни изданија. Истото важи и за комбинацијата на бела и богата палета на беж нијанси.
Ако сакате да изгледате како милион долари, комбинирајте беж и маслинесто нијанси или црна со светло сина, бидејќи тоа се комбинации на бои кои прават нашата облека да изгледа скапа.
Би можеле да продолжиме и понатаму за најубавите, но кои се најлошите комбинации на бои? Зависи кого прашувате. Храбрите дами ќе ви кажат дека такви работи не ни постојат бидејќи се може успешно да се комбинира. Всушност, денес веќе нема никакви ограничувања кога станува збор за комбинирање на дотогаш некомпатибилни бои, а буквално сè гледаме во модните игри на трендсетерките.
Од друга страна, класичните жени кои сакаат стандардни бои може да опишат некои од нивните комбинации како кич што не може да се носи. Сепак, нема комбинации на бои кои не се носат. Комбинациите подолу ќе ви го докажат тоа.
Од различни онлајн дискусии, избравме пет од наводно најлошите комбинации на бои кои всушност изгледаат фантастично.
1. Зелена и црвена
2. Виолетова и сина
3. Розова и портокалова
4. Кафеава и црвена боја
5. Сина и портокалова
Пронајдете не на следниве мрежи: