Печен свински врат во сос: Најсочно месо кое некогаш сте го пробале

Ова меко и сочно месо кое се приготвува во рерна е одличен рецепт за сите жени кои немаат многу време, а сакаат нивното семејство да има вкусен оброк…
Бидејќи неговата подготовка е брза, ќе имате слободно време кое можете да го искористите за да приготвите прилог, салата, а можеби дури и десерт. Одлично оди во комбинација со ориз, било кој вид рижото и компири.
Потребни состојки:
– 6 големи парчиња свински врат (околу 1,2 кг.)
– 1 лажица сув зачин
– 1 лажица сушен магдонос
– 1 лажичка сушен босилек
– 2 ловорови листови
– 1 лажица мелена црвена пиперка
– 500 + 300 мл. вода
– 1 лажица брашно
– 1/2 лажичка сол
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната на 200 степени. Ставете го месото во тава и додајте го сувиот зачин, сушениот магдонос, босилек и ловоровиот лист. Потоа, додајте 500 мл. вода. Ставете ја тавата во рерна да се пече околу еден час.
Во текот на печењето, превртете го месото неколку пати. По еден час, помешајте 300 мл. вода со брашно, мелена црвена пиперка и сол. Прелејте ја смесата преку месото, протресете ја тавата и вратете го да се пече уште 30 минути.
Пред послужување, протресете ја тавата за да се изедначи сосот насекаде. Месото послужете го додека е сè уште топло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.