Барем на еден ден оставете ја настрана традиционалната македонска кујна и на вашите најмили подгответе им оброк за паметење!
Направете им динстано пилешко месо со грозје.
Подготовка:
– 2 пилешки батаци
– сол
– бибер
– тимијан
– печена пиперка
– италијанска мешавина од зачини
– 150 мл. пиво
– 2 црвени кромидчиња
– грозје
– 10 маслинки
– 3 чешниња лук
Подготовка:
Исечете го месото, извалкајте го во зачини, оставете го да отстои и пржете го во масло. Ставете го месото настрана и во маслото додадете црвен кромид и лук. Истурете го пивото и додадете ги маслинките и грозјето. Кратко издинстајте.
Ставете сè во плех заедно со месото и печете во рерна на 200 степени, околу 35 минути.
На здравје!