Подготовки за војна?! Компанијата Ер Франс до вторник ги прекина сите летови од Париз до Бејрут

„Поради безбедносната ситуација, авиокомпанијата го продолжува прекинот на летовите меѓу Париз и Бејрут до 6 август. Продолжувањето на услугите ќе биде предмет на нова проценка на ситуацијата на теренот“, се вели во соопштението на Ер Франс.

Компанијата изјави дека ја следи ситуацијата во Либан во реално време, пренесува Reuters.

Ер Франс ги прекина летовите меѓу Париз и Бејрут во понеделникот, два дена по нападот на Голанската висорамнина, во кој загинаа 12 деца и тинејџери, за што Израел и САД ја обвинија либанската група Хезболах.

Авиокомпаниите го избегнуваат воздушниот простор на земјите од Блискиот Исток поради загриженоста по атентатот на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран и командантот Фуад Шукр во Бејрут.

Пронајдете не на следниве мрежи: