Пожар на пругата го запре единствениот воз кој сообраќа во Македонија

Патниците од Велес утрово на Железничката станица во Велес беа разочарани што не можат да се качат на единстевниот воз што доаѓа од Битола преку Прилеп и Велес за Скопје, а кој по возен ред во Велес поаѓа во 5:46 часот.

Како што информираа за МИА од Железничката станица во Велес, причина било запалено стрниште покрај пругата кое се проширило и запалило и прагови на пругата, поради што железничкиот сообраќај е во прекин. Се работи на повторно оспособување на пругата.

Според информацијата од Центраот за управување со кризи вчера попладне била запалена ниска вегетација по што се запалиле и прагови на пругата помеѓу селата Слепче и Браилово, прилепско.Со брза и ефикасна интервениција на пожарникарите од ТППЕ Прилеп пожарот синоќа бил изгаснат.

Ова е трето онеспособување на пругата на релација кај селото Браилово поради изгорени прагови, а поради третпат за месец и половина во прекин е возот на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно.Првиот прекин односно илјади изгорени прагови на пругата кај Браилово прилепско имаше на 25 септември,а поради што 8 дена возот беше во прекин. Вториот пожар на стрниште по што беа зафатени околу 200 прагови на пругата кај Браилово Прилепско беше на 12 октомври и неколку дена возот повторно беше во прекин.

Воедно, од 25 октомври со одлука на МЖ Транспорт наместо три сообраќа само еден воз на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно. По денешното повторно горење на прагови на пругата во прилепско сега во прекин е единствениот патнички воз на оваа релација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.