Политички земјотрес во Европа! Владите паѓаат “како крушки”

Белгискиот премиер Александер Де Кро изјави дека од ќе поднесе „премиерска оставка“ откако неговата централнодесничарска Отворена фламанска либерали и демократи доживеа лош резултат на вчерашните европски избори.Беше особено тешка вечер за нас, загубивме. Од утре ќе бидам премиер во оставка – им порача со солзи на своите приврзаници, пренесува бриселски Политико.Тој изјави дека „сигналот на гласачот бил јасен“.– Убеден сум дека брзо ни е потребна нова влада со целосни овластувања – додаде тој.Фламанските националистички партии доминираа на денешните избори во Белгија, а либералната партија на премиерот Александар Де Кро претрпе удар.Според анкетите, десничарската националистичка Нова фламанска алијанса постигнала најдобри резултати со 22 отсто од гласовите.Екстремно десничарската, антиимиграциска партија „Фламански интерес“ е на второ место, со 17,5 отсто, пред Социјалистичката партија „Напред“, која освои околу 10,5 отсто од гласовите.Партијата „Отворени фламански либерали и демократи“ на Де Кро освои помалку од седум отсто од гласовите, далеку зад крајната левица.Претседателот на партијата Том Онгена исто така рече дека ќе поднесе оставка.🇧🇪#Belgium:Prime Minister Alexander De Croo (Open VLD) have announced that he will resign tomorrow following the poor results of his party in today’s elections.The leader of his party also announced his resignation. pic.twitter.com/4M7EZiZrpJ— World Elects (@ElectsWorld) June 9, 2024Да потсетиме дека пред него од истата причина францускиот претседател Емануел Макрон го распушти националното собрание и најави предвремени избори. Тие ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули.Решив да ви ги вратам изборите за иднината на парламентот. Одлуката е сериозна и тешка, но пред се е чин на доверба – рече Макрон во видео обраќањето по прелиминарните резултати од изборите за Европскиот парламент, на кои неговата партија „Преродба“ претрпе пораз од екстремната десница. партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен.Adresse aux Français. https://t.co/sqVqfH3gXy— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) June 9, 2024Очигледно, изборите за ЕП предизвикаа политички земјотрес во Европа. Емануел Макрон, Александар де Кро, прашањето е кој е следен?

Пронајдете не на следниве мрежи: