Помеки од памук, послатки од шеќер: Супер брзи КИФЛИЧКИ СО ЏЕМ што мора да ги пробате

Ви претставуваме рецепт за највкусните старински кифлички кои ќе бидат уште повкусни доколку ги направите со домашен џем од сливи
Се прават брзо, воздушести се и најмалите ги обожаваат
Состојки:
700 грама остро брашно
250 милилитри масло
250 милилитри јогурт
1 кесичка прашок за пециво
џем од сливи
200 грама шеќер во прав
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Измешајте ги јогуртот и маслото, а потоа постепено додавајте брашно помешано со прашок за пециво. Замесете со додавање брашно по потреба, потоа развлечете го тестото со сукало и исечете го на триаголници
Ставете џем по вкус на секој триаголник, потоа замотајте во кифлички и наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
Печете околу 20 до 30 минути.
Откако ќе се изладат, посипете со шеќер во прав.
Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.