Поранешен директор на Пензискиот фонд доби кривична пријава – склучувал незаконски договори

Против Д.Б.(45) од Тетово, поранешен директор на Пензискиот фонд, поднесена е кривична пријава под сомнение дека ја злоупотребил службената положба со тоа што склучил договори со шест физички лица и им исплатил повеќе од 22,5 илјади евра, иако нема евиденција дека ги извршиле доверените задачи, информира ОЈО Тетово.

Од 19 февруари 2022 година до 17 март 2023 година, кога бил директор на Фондот, пријавениот Д.Б. во име на Фондот склучил повеќе договори со 6 физички лица постапувајќи спротивно од Законот за спречување корупција и спротивно од одредбите во склучените договори.

Пријавениот знаел дека ангажираните лица не ги извршувале работните задачи предвидени во склучените договори и дека Фондот не водел евиденција за редовност, но сепак повеќепати им исплатил вкупно 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот, односно на Буџетот на Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: