Берзанските индекси благо пораснаа во понеделникот на Волстрит, дури во последните моменти од тргувањето, додека во поголемиот дел од денот беа во минус поради забавување на растот на кинеската економија.
Индексот Dow Jones зајакна за 0,27 отсто, на 14.127 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,46 проценти, на 1.525 поени, додека индексот Nasdaq беше во плус за 0,39 отсто, на 3.182 индексни поени. Поради забавување на активностите во индустрискиот и услужниот сектор во Кина, вчера цените на акциите во Шангај потонаа за над три отсто, што ги притисна сите поголеми светски берзи.Инвеститорите ги загрижи веста дека кинеските власти разгледуваат начини да ја намалат побарувачката за куќи, бидејќи цената на недвижностите во градовите расте пребрзо и поттикнува инфлација.Секое забавување на растот во втората по големина економија на светот би и наштетило на американската економија, особено на рударските и енергетските компании кои значително се изложени кој Кина.Инвеститорите се воздржани и поради автоматското намалување на буџетските расходи во САД во вредност од 85 милијарди долари, што може да и наштети на економијата.Загрижува и политичката несигурност во Италија со оглед дека неодамнешните избори не дадоа јасен победник, што би можело да ги забави реформите и да ја продлабочи должничката криза во третата по големина економија во еврозоната.Сепак, пред крајот на тргувањето инвеститорите се охрабрија, па берзанските индекси завршија во плус.Подршка на берзите им пружи Ценет Јелен, влијателната потпретседателка на Фед, која рече дека лабавата монетарна политика на централната банка всушност е загарантирана, со оглед дека економијата се уште не ги користи сите потенцијали.
Макфакс
Берзанските индекси благо пораснаа во понеделникот на Волстрит, дури во последните моменти од