Пејачката на популарното шведско поп дуо Роксет, Мари Фредриксон почина на 61-годишна возраст после 17-годишната битка со ракот. Шведската поп ѕвезда, чии најпознати хитови беа „It Must Have Been Love“ и „Listen To Your Heart“, почина во понеделникот.
Музичарката се повлече од турнеи пред три години по налог на лекарите, а зад себе ги остави сопругот Микаел Болиос и нивните две деца, ќерката Инез Јосефин (26) и синот Оскар (23).
Во 2002 година Мари колабираше и имаше напад додека џогирала со сопругот и тогаш и беше дијагностициран тумор на мозокот.
Мари поради месеците поминати на хемотерапија и радијација, остана слепа на левото око и со намален слух и способност за говор, а во 2005 година објави дека се чувствува здраво и нема повеќе потреба од лекарски третмани.