Почина професорот Нестор Огинар, истакнат македонски активист во американската дијаспора

На 77-годишна возраст во САД почина Нестор Огинар, професор по Англиски јазик и компаративна литература во Њујорк и еден од најистакнатите активисти во македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави, објавија на социјалните мрежи негови пријатели и соработници.

Огинар, кој е роден во Скопје, а семејството му потекнува од тетовско, емигрирал во САД во 1969 година. Тој беше активен член на македонската заедница во САД, а посебно се истакна со организирањето протести пред Обединетите нации во 1993, откако меѓународната организација ја прими Македонија за полноправна членка, но само под „привремената референца“: Поранешна Југословенска Република Македонија.

„Денес со тага се збогуваме со проф. Нестор Огинар, човекот со полно срце љубов кон луѓето, кон својот народ и татковина Македонија. Нестор беше човек кој живееше и создаваше во еден свој уникатен манир, пркосен, храбар, авангарден, а во исто време и традиционален, издигнувајќи ја секоја прагма на интелектуален романтичарски идеализам кој оставаше силен ненадминлив впечаток. Нека почива во мир! Искрено сочувство до семејството“, напиша на Фејсбук поранешниот директор на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски.

Пронајдете не на следниве мрежи: