Во понеделникот во болница во Скопје починал Илир Ќалапеку, телохранителот на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи.
Соопштено е дека тој починал од срцев удар, но членовите на неговото семејство се сомневаат дека неговата смрт можеби дошла од човечка рака, објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
- ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО
- Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање
- Месечен хороскоп за октомври! За само три дена ќе пристигне настан кој ќе ја промени судбината на 4 знака
- Земјотрес ја стресе Калифорнија
- Таткото со години ги силувал, а мајката молчела! Браќата брутално ги убиле родителите – грозно е она што полицијата го пронашла во куќата
- Град Скопје објави јавен повик за субвенции за купување на велосипеди
- Австрија чека парламентарни избори: Екстремните десничари најавуваат историска победа, „популистите“ се на пети
- Прилепчанец прегазен од автомобил во Скопје
- Важеше за најубава на сите времиња, денес се изобличи! Најновите фотографии предизвикуваат тага
Членовите на неговото семејство го пријавиле случајот и во косовската полиција.
Телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина, бидејќи, како што пренесуваат косовските медиуми, членовите на семејството на Ќалапеку побарале да се изврши обдукцијата.
Медиумите дознаваат дека неговиот брат Ганиу ги пријавил овие сомнежи во полиција.
Тој изјавил дека не се сомнева во болницата во Скопје, но сака да ги знае точните причини поради кои дошло до срцев удар.
Ганиу тврди дека неговиот брат претходно немал здравствени проблеми, па затоа се сомнева дека тоа би можело да биде од човечка рака“, изјавил за косовските медиуми извор близок до семејството.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.