Претежно сончево и топло време, постепен раст на дневните температури до крајот на неделава

Времето наутро постудено, а преку денот ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје наутро постудено, а преку денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според прогнозата на УХМР, до крајот на неделава ќе се задржи стабилно и суво време, со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневните температури.
-Најтопло ќе биде за време на викендот. Поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува од понеделник, соопшти УХМР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.