Еди Рама реагираше по криминалниот настан, каде вчера вечерта по неколку истрели од огнено оружје, животот го загуби чуварот на Топ чанел.
Изразувајќи сочувство до семејството на починатиот, Рама пишува дека криминалната агресија врз Топ чанел бара јасен одговор од органите на прогонот.
„Криминалната агресија врз Tоп Чанел, што резултира со губење на животот на вработен од безбедносниот персонал, бара јасен одговор од органите за спроведување на законот! Сочувство до семејството на починатиот и до целата заедница на TCH, која заслужува сечија солидарност во овој многу вознемирувачки момент!“ – пишува Рама.
Топ чанел во неделата на полноќ се соочи со сериозна ситуација, каде од засега неидентификувани лица се пукаше кон зградата. Вработен од обезбедувањето Пал Кола го загуби животот, откако бил застрелан околу 01:00 часот по полноќ, во се’ уште неразјаснети околности.
На автопатот Каваја кај местото викано „Агаит поток“ пронајдено е опожарено возило од типот „ренџ ровер“ за кое постои сомневање дека им припаѓа на сторителите. Според информациите, на возилото се украдени регистарските таблички.
Полицијата е на местото на настанот, додека увидната екипа продолжува со работа за расветлување на околностите.
Пронајдете не на следниве мрежи: