Само Данска ја спровела директивата навреме, ЕУ покрена постапка против 26 од 27 земји-членки

Речиси сите членки на Европската унија, вклучително и Германија, доцнат со приспособувањето на нивните национални регулативи кон европската директива за побрз развој на обновливите извори на енергија.

Европската комисија објави дека го предупредила Берлин и 25 други главни градови на ЕУ и на тој начин започнала постапка против нив. Само Данска ја спровеla директивата навреме, пишува ДПА.

Комисијата им наложи на членовите да го поедностават и забрзаат издавањето дозволи за проекти за обновливи извори на енергија и соодветната инфраструктура.

Дополнително, директивата поставува јасни рокови за издавање одобренија.

Доколку Германија и останатите членки не ги донесат навреме прописите, постапката продолжува.

Во крајниот исход, можна е тужба пред Европскиот суд и парична казна.

Пронајдете не на следниве мрежи: