Ако постите, тогаш можете да направите сармички со спанаќ, кои ќе бидат повкусни од оние со зелје.
Состојки:
1 страк праз
1 голем рендан морков
100 гр малку обарен ориз
4 чешниња сечкан лук
зачин
мелен бибер
мелен црвен пипер
масло
Подготовка:
На масло пропржете го сечканиот праз, додадете го ренданиот морков и потоа кафеавиот ориз, сув зачин, мелен. бибер. Изедначете сè. Изберете големи листови спанаќ, исчистете ги малку подебелите стебленца, измијте ги и попарете со топла вода.
Оставете две минути и процедете. Во листовите ставете една лажица фил, па завиткајте во сармичка. Наредете ги во намрсен плех. Во тенџере сипете 200 мл сварени домати, потоа додадете една лажица брашно, па изматете со жица за да нема грутчиња.
Истурете 150 до 200 мл вода, три лажици масло и прелијте. Малку протресете ја тепсијата и ставете ја во рерна која се загрева на 220 степени. Печете околу 35 минути додека да испари течноста и да ви бидат готови сармичките.