Полицијата во САД уапси осомничен сериски убиец за кој се верува дека убил тројца бездомници на улиците на Лос Анџелес.
Детективите дошле до овој заклучок додека осомничениот бил во притвор за четвртото убиство, кое не е поврзано со другите три.
Осомничениот (33 г.) наводно застрелал тројца мажи додека спиеле на улица, како и четврти маж, кој не бил бездомник.
Сите жртви ги убил во период од четири дена, додава полицијата.
Градските власти претходно ги повикаа бездомниците да бидат дополнително внимателни поради убиецот кој ги демне бездомниците.
„Пред 24 часа објавивме дека убиецот е на слобода. Сега е во притвор“, изјави градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас.
Убиецот бил фатен поради неуспешен грабеж во домот на маж (42 г.), татко на две деца, кои ги убил.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.